Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка кај Рибарци, има повредени

На 12.03.2026 во ОВР Кавадарци било пријавено дека во 10:15 часот, на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, во атар на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа, помеѓу товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од маж (27) од село Батинци, скопско, и патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 49-годишната жена од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Општата болница Кавадарци. Известен бил јавен обвинител ,а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК