СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.05.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против маж(46) од крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“. На 22.05.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории, кои ги користи пријавениот, при што биле пронајдени и одземени две рамки за пиштол и муниција.
На 12/13.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода лице(35) и лице(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.07.2025, полициски службеници од СВР Скопје извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.


