Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Пожар во кочанско – неколку лица завршиле со итна помош

На 12.03.2026 во 21:05 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во близина на с.Мојанци, кочанско, настанал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП „Водовод“ од Кочани. Од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат.

При обид да го изгаснат пожарот, В.И. (56) од с.Мојанци, кој бил на своето работно место како чувар и уште две лица вдишале чад, при што од страна на Итната медицинска помош им била укажана лекарска помош.

За настанот биле известени јавен обвинител и инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување Кочани. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Можеби ќе ве интересира

Отсјај од рефлектори на небото над Битола направи паника, отвори дилеми и шекулации на социјалните мрежи

ДЕСК

ШОК ВО СКОПЈЕ: Како закочил автобус со неисправни сопирачки, а бил полн со 85 деца, 37 над дозволеното!?

ДЕСК

ХАОС СО ВРЕМЕТО: Од кочан ладно време веднаш доаѓаат температури и до 25°C – Метеоролозите со повеќедневна прогноза

ДЕСК