Centar.mk
фото Владина прес служба
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

„Нашиот став е јасен и принципиелен од самиот почеток дека ние ќе го почитуваме законот таков каков што е. Законот мора да се почитува“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата во вчерашното гостување во емисијата „Подиум“ на ТВ Ора 24.

Премиерот Мицкоски посочи дека согласно законот, минималната плата ќе се зголеми за нешто повеќе од 1.600 денари и истата ќе изнесува над 26.000 денари.

„Во име на тоа, ова законско покачување на минималната плата за нешто над 1.600 денари не носи до минимална плата над 26.000 денари. И тоа ние веќе го донесовме како информација на Економско-социјалниот совет, потоа го поминавме како Информација на седница на Влада и Министерството за економија и труд ќе го објави на веб-страницата на самото министерство. Така што тој процес се заврши и ние велиме имаме принципиелен став и велиме кога ќе се договорат работодавачите со работниците, бидејќи тој е бипартитен дијалог тогаш ние како Влада, сето тоа ќе го поддржиме“, истакна тој.

Во однос на барањата на синдикатот, Мицкоски нагласи дека ниту опозицијата, а ниту синдикатот имаат кредибилитет да зборуваат, бидејќи како што рече СДСМ 7 години била на власт и единствено нешто што се слушало за нив е криминал, корупција и национално предавство, додека пак синдикатот излегол на прес-конференција со него и го фалел историскиот договор постигнат меѓу владата и синдикатот, а потоа го блокирале сообраќајот и протестираат.

„Тоа што поединци во еден од синдикатите се блиски до одредени политички и се влезени во тие политички мочуришта, тоа е веќе личен проблем. Јас тука не можам да навлегувам. Но стратегијата е јасна, тоа се вика стратегија помеѓу наковалната и чеканот. Од една страна опозицијата ќе бара носење на популистички мерки со којшто ќе се празни буџетот, а од друга страна преку овие неколкумина прокси коишто се дел од раководството на еден од синдикатите, ќе бара зголемување на социјалните трошоци. Тоа значи дека од една страна го трошите буџетот преку популистички политики, а од друга страна преку популистички политики ќе барате зголемување на трошоците, социјалните трансфери од буџетот и на тој начин тие мислат дека ќе ја притиснат Владата и таа ќе губи кај граѓаните. Но, не мислам дека оваа стратегија им е исправна. Зошто? Затоа што ниту едните, а ниту другите немаат кредибилитет, затоа што СДСМ беа Влада 7 години. И во тие 7 години единствено нешто што слушавме за нивната работа е криминалот, корупцијата и националните предавства. А овие другите немаат кредибилитет, бидејќи еден ден со мене излегуваат на прес-конференција и фалат дека Владата направила историски чекор во регулирање на своите односи со работниците, а потоа следниот ден ги гледаме како протестираат и го блокираат сообраќајот. И затоа велам дека оној инструмент на кредибилитет ниту едните, ниту другите го имаат“, дециден е Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК

Филипче: Мицкоски е чувар на фотелјата за враќање на вистинскиот газда во ВМРО – Груевски

ДЕСК