Centar.mk
СВЕТ

Гувернерот на Калифорнија: Не грижи се, Америка! Цените на бензинот растат, но Трамп заработува одлично

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој се смета за водечки кандидат за претседателската номинација на Демократската партија во 2028 година, остро го критикуваше тврдењето на Доналд Трамп дека САД имаат корист од зголемувањето на цените на нафтата.

„Не грижи се, Америка! Цените на бензинот ви растат, но Трамп заработува многу пари. Значи, сè е во ред“, напиша Њусом на социјалната мрежа Икс.

Неговиот пост беше одговор на коментарите на Трамп за порастот на цените на нафтата.

Американскиот претседател тврди дека САД се најголемиот производител на нафта во светот и заклучи: „Кога цените на нафтата растат, ние заработуваме многу пари“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ЈЕМЕН – Десетици загинати во воздушни напади во близина на Сана

ДЕСК

КРВАВ НАПАД ВО ПОЛСКА – Шестмина загинати и 15 повредени во пукање во Краков

ДЕСК

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК