Centar.mk
СВЕТ

Иранскиот претседател бара „гаранции против идна агресија“ меѓу условите за завршување на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан синоќа постави услови за евентуален крај на војната со Израел и САД, вклучувајќи „цврсти меѓународни гаранции“ што би обезбедиле траен прекин на сите напади.

„Во разговорите со лидерите на Русија и Пакистан, ја потврдив посветеноста на Иран на мирот во регионот. Единствениот начин да се заврши оваа војна, која ја започнаа ционистичкиот режим и САД, е преку признавање на легитимните права на Иран, исплата на репарации и цврсти меѓународни гаранции против идна агресија“, објави иранскиот претседател на Икс.

Тој не прецизираше на кои права мисли. Набљудувачите на иранската внатрешна политика велат дека Пезешкијан можеби мислел на назначувањето на нов врховен лидер и потребата од меѓународно признавање.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно оваа недела изјави дека „не е задоволен“ од назначувањето на Моџтаба Хамнеи за нов врховен лидер и шеф на државата на Иран, велејќи дека синот на убиениот Али Хамнеи треба да очекува значителни тешкотии.

„Не верувам дека може да живее во мир“, рече Трамп./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Соборените американски авиони ја доведоа во прашање воздушната доминација на Трамп

C +

Француски товарен брод помина низ Ормускиот теснец под иранска контрола

C +

Секој шести Германец откажува или одложува патување поради војната и кризата во светот

C +