Centar.mk
фото Влада 11.03.2026
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата и подготвени се да ја прошират својата инвестиција

– Имавме би рекол плодна и успешна дебата. За нас странските инвеститори се исклучително важни се разбира исто како и домашните инвеститори бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада и сите оние атрибути кои се составен дел во таа борба за што подобра економија, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски.

– Чувствуваме дека полека, но сигурно се движиме кон консолидирање и тоа во услови на исклучително големи глобални предизвици, ценам дека македонската економија се движи кон состојба на консолидирање, се разбира предизвиците нема да сопрат, тие ќе продолжат но ние се обидуваме да ги антиципираме и преку антиципирање да наоѓаме решенија за тие предизвици. Колку е државата посилна, толку и бизнисот повеќе вреди, толку и имотот повеќе вреди, колку е бизнисот посилен толку станува државата посилна затоа е многу важно да имаме ликвиден бизнис, економија, таа економија да си ги врши навремено обврските кон државата и кон буџетот, а се разбира со тие обврски и со солиден и ликвиден буџет ние ќе можеме да имаме повеќе капитални инвестиции, да имаме повеќе во здравството, да имаме повеќе во образованието, да имаме повеќе во земјоделието, повисоки пензии, повисоки плати и т.н., рече Мицкоски.

– Така што ценам дека ова е двонасочна улица, јас сум навистина задоволен, критиките ќе ги анализираме, аргументите ќе ги анализираме таму каде што можеме да бидеме подобри во следната година ќе се потрудиме да бидеме подобри. Задоволен сум од фактот што е двоцифрен растот на процент на оние компании коишто се задоволни од бизнис климата и дека се подготвени да ја прошират својата инвестиција во земјата, се разбира дека ќе имаме предизвици, но ние како Влада тука сме, мотивирани сме и сакаме да ги решаваме тие предизвици како што тоа го правиме многу пати во минатото така и во иднина ќе се бориме за секоја инвестиција, за секое евро вложено во земјата затоа што цениме дека со секое евро вложено во земјата, со секој денар вложен во земјата ние ќе имаме побогата и постабилна земја, а тоа значи дека имотот на нашите граѓани и бизнисите на бизнисмените повеќе ќе вредат.

Јас уште еднашка благодарам на Советот на странски инвеститори во Македонија, на Виктор за ова што го организираше денеска во Стопанската комора. Како што кажа, продолжуваме следниот квартален состанок ќе биде во средината на јуни месец, ние сме тука заедно да работиме и да допринесуваме за подобри иднина на државата и на граѓаните, порача премиерот.

Можеби ќе ве интересира

Нов Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице

ДЕСК

Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

ДЕСК

Мицкоски: Владата останува да фокусира на вистинска потреба на граѓаните и државата, изјавите на СДСМ за мигрантите се дифузни

ДЕСК