Centar.mk
СВЕТ

Трамп ги сопрел Курдите: Не сакам да влегуваат во Иран

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не сака курдските борци да се вклучат во војната во Иран.

„Го исклучив тоа, не сакам Курдите да влезат. Не сакам да бидат ранети или убиени. Имавме добри односи. Подготвени се да влезат, но им реков дека не сакам да влегуваат“, изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот авион „Ер форс уан“.

Тој додаде дека Вашингтон не сака војната да стане покомплицирана отколку што веќе е.

Курдите, етничка група од околу 30 милиони луѓе кои живеат главно во Ирак, Иран, Сирија и Турција, со децении се борат за сопствена држава. По соборувањето на Садам Хусеин во 2003 година беше формиран автономен курдски регион во Ирак./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Предложен притвор за син кој ја уби мајка си во Росоман

ДЕСК

Доналд Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене

C +

Погодена рафинерија во Израел

C +