Centar.mk
СВЕТ

Иранците: Во текот на ноќта погодени пет наши нафтени постројки

Соединетите Американски Држави и Израел погодиле пет нафтени постројки во ноќни напади во иранската престолнина и нејзината околина, изјавил еден функционер за државната телевизија.

„Синоќа непријателски авиони нападнаа четири складишта за нафта и центар за транспорт на нафтени деривати во Техеран и Алборз“, изјави за државната телевизија директорот на Националната иранска компанија за дистрибуција на нафтени деривати, Керамат Вејскарами.

Тој додаде дека сите пет постројки се оштетени, но дека пожарите се ставени под контрола.

Израелската офанзива врз Иран влезе во нова фаза, во која цел се енергетските ресурси во земјата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Прашањето е дали Нетанјаху сака да ја продолжи својата политичка кариера

C +

Во невреме во Холандија дрво уби возач на автомобил, градот ги искрши покривите на камперите, издадено жолто предупредување

C +

Дмитриев ги повика вонземјаните да го убедат Стармер да поднесе оставка

C +