Centar.mk
СВЕТ

Иран: Можеме да водиме интензивна војна со САД и Израел најмалку шест месеци

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека земјата може да води интензивна војна најмалку шест месеци против САД и Израел со сегашното темпо на борби.

Портпаролот на гардата Али Мохамад Наини изјави дека иранските сили досега користеле ракети од „прва и втора генерација“, но во наредните денови ќе употребат понапредни и поретко користени ракети со долг дострел.

Изјавата доаѓа додека конфликтот влезе во втората недела, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави продолжување на војната против Иран „со сета сила“.

Во меѓувреме, иранскиот безбедносен функционер Али Ларијани ја обвини администрацијата на Доналд Трамп дека се обидува да повтори сценарио како во Венецуела.

Во самиот Иран расте штетата на инфраструктурата и станбените области, додека аналитичарите предупредуваат дека засега нема јасен пат за завршување на конфликтот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Предложен притвор за син кој ја уби мајка си во Росоман

ДЕСК

Доналд Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене

C +

Погодена рафинерија во Израел

C +