Centar.mk
СВЕТ

Советник на иранскиот лидер: Нема преговори со САД, ќе војуваме колку што сакаме

Иран нема намера да преговара со Соединетите Американски Држави и нема никакви контакти со Вашингтон, изјави за иранската државна телевизија Мохамад Мохбер, висок советник на покојниот врховен лидер на Иран.

Мохбер, кој претходно беше вршител на должноста претседател на Иран и прв потпретседател на државата, истакна дека Техеран нема доверба во САД.

„Немаме доверба во Американците и немаме никаква основа за преговори со нив“, изјави тој.

Додаде дека Иран е подготвен да ја продолжи војната „колку што долго сака“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Израелски министер: Ќе окупираме дел од Јужен Либан

C +

Велика Британија и Франција: Создаваме коалиција за обезбедување на Ормускиот теснец

C +

Германскиот претседател: Војната со Иран е катастрофална грешка

C +