Centar.mk
СВЕТ

Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.

Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.

Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.

Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.

На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.

Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИЗРАЕЛСКАТА ОПОЗИЦИЈА ЗАСТАНА ЗАД АЈЗЕНКОТ – За влада сè уште недостига мнозинство

ДЕСК

КАТАР ГЛЕДА ПРОСТОР ЗА ДОГОВОР – САД и Иран разгледуваат нови предлози

ДЕСК

ПОГОДЕН БОЛНИЧКИ КОМПЛЕКС ВО ХАРКИВ – Украинските власти соопштија за 73 повредени

ДЕСК