Centar.mk
СВЕТ

Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати

Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.

Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.

Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.

Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.

Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.

Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Санчез: Трамп игра „руски рулет“ со животите на милиони луѓе

C +

Советник на иранскиот лидер: Нема преговори со САД, ќе војуваме колку што сакаме

C +

Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“

C +