На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина.
Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата.
Во меѓувреме, иранската противвоздушна одбрана соопштила дека пресретнала напад над небото на централниот дел на Техеран.
Израелските одбранбени сили во ново соопштение навеле дека цел на нападите е иранскиот терористички режим./Извор:Makfax


