Centar.mk
СВЕТ

За иранскиот претседател убиството на Хамнеи е „објава на војна против муслиманите“

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека убиството на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи во американските и израелските напади претставува „објава на војна против муслиманите“.

„Атентатот на највисокиот политички авторитет на Исламската Република Иран и истакнат водач на шиитизмот ширум светот … се доживува како отворена објава на војна против муслиманите, а особено против Шиитите, насекаде во светот“, вели Пезешкијан во изјавата пренесена од државната телевизија.

Тој додава дека одмаздата за убиството на Хамнеи е право и обврска на Исламската Република.

„Исламската Република Иран го смета за своја легитимна должност и право да им се одмазди на сторителите и на мозоците на ова историско злосторство“, вели Пезешкијан, пренесе Тајмс оф Израел./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МААЕ повика на воздржаност по нападите врз ирански нуклеарен објект

C +

Обединетите Арапски Емирати пресретнаа ирански балистички ракети и дронови

C +

Нападите врз Иран ќе ескалираат оваа недела, кажа израелскиот министер за одбрана

C +