Centar.mk
СВЕТ

Нафтен танкер нападнат во близина на брегот на Оман

Оманскиот центар за поморска безбедност соопшти дека нафтениот танкер „Skylight“, кој плови под знамето на Палау, бил нападнат на околу пет наутички милји од оманскиот полуостров Мусандам.

Четири лица се ранети, а целиот екипаж од 20 лица е евакуиран, јавија локалните медиуми.

Засега нема други информации.

Оманските државни медиуми претходно јавија дека пристаниште Дукм било нападнато со два дрона, при што бил повреден еден работник. Тоа беше првиот таков напад врз заливската земја од избувнувањето на воените непријателства меѓу Израел, САД и Иран, пренесе ДПА.

Оман го осуди нападот и нагласи дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ја заштити земјата и безбедноста на нејзините жители.

Оман дејствуваше како посредник во индиректните преговори одржани на почетокот на неделава меѓу САД и Иран.

Оман е членка на Советот за соработка во Заливот, предводен од Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Кувајт, кои се членки на оваа групација сојузничка на САД, пријавија ирански напади на нивните територии откако САД и Израел вчера почнаа воена кампања против Иран./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МААЕ повика на воздржаност по нападите врз ирански нуклеарен објект

C +

Обединетите Арапски Емирати пресретнаа ирански балистички ракети и дронови

C +

Нападите врз Иран ќе ескалираат оваа недела, кажа израелскиот министер за одбрана

C +