Centar.mk
СВЕТ

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.

Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.

Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.

Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.

Во арапските заливски држави има илјадници американски војници./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МААЕ повика на воздржаност по нападите врз ирански нуклеарен објект

C +

Обединетите Арапски Емирати пресретнаа ирански балистички ракети и дронови

C +

Нападите врз Иран ќе ескалираат оваа недела, кажа израелскиот министер за одбрана

C +