Centar.mk
СВЕТ

Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел.

„Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно“, напиша Трамп на Truth Social.

„Подобро да не го прават тоа“, нагласи тој.

Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена!“, додаде американскиот претседател.

Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.

Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Маж испрскал минувачи со непозната супстанца, едно лице завршило во болница во Токио

C +

Истраги за силувања на деца во градинки и основни училишта: Франција потресена од голем скандал

C +

Авион во кој се наоѓаше британски министер цел на напад: „Ова е неодговорно руско мешање“

C +