Дводневната конференција Global Digital City 2026, која се одржа на 25 и 26 февруари во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, успешно ги обедини институциите, бизнис лидерите, меѓународните партнери, академската заедница и младите, со цел да се отвори дискусија за иднината на секторите за аутсорсинг на бизнис процеси (BPO) и информатичко-комуникациски технологии (ИКТ), развојот на работната сила и можностите за вработување на младите.
Настанот започна во среда со поздравни обраќања од Блерим Шаќири, претседател на ABSL Северна Македонија, Билал Касами, градоначалник на Општина Тетово, и проф. д-р Веланд Рамадани, проректор на Универзитетот на Југоисточна Европа. Првиот ден продолжи со панел-дискусија на високо ниво на тема градење конкурентен BPO и ИКТ екосистем, со фокус на улогата на политиките, регулативата и институциите, во која учествуваа претставници од локалната самоуправа, иновациски агенции и академскиот сектор. Во овој панел учествуваа Елми Османи, Сунчица Арсовска, Авни Арифи и Елена Гинали.
Клучните говори во текот на првиот ден се осврнаа на влијанието на вештачката интелигенција во BPO секторот преку студија на случај презентирана од Диме Галапчев, извршен директор на Finqup, по што следеше презентација за стартап екосистемот и неговата поврзаност со BPO секторот од Сања Митровска, извршна директорка на Networker. Денот заврши со панел-дискусија посветена на концептот на фракционално лидерство и услуги, како и со структурирани networking и matchmaking сесии во кој учествуваа Игор Маџов, Диме Галашчев, Васко Карангелески и Елена Гинали.
Вториот ден на Global Digital City 2026 беше посветен на младите, вештините и можностите за вработување. Воведните обраќања ги одржаа Блерим Шаќири, Бесар Дурмиши, министер за економија и труд, Н.Е. Ола Селстром, амбасадор на Шведска во Северна Македонија, проф. д-р Блерта Абази-Чауши, декан на Универзитетот на Југоисточна Европа, како и Пауло Родригез, програмски менаџер на RECONOMY.
Клучните говори на вториот ден беа насочени кон можностите за младите преку шведското искуство, иновациските програми и актуелните трендови за вработување во BPO и ИКТ секторите. Свои излагања имаа Оскар Алгвере од SMCC, проф. д-р Шпреса Алија од проектот Challenge EU и Надица Ставрова, претставничка на Македонската асоцијација за човечки ресурси.
Во рамки на вториот ден беа организирани и практични обуки во форматот „Skills-to-Hire“, кои опфатија теми поврзани со AI подготвена работна сила, комуникација и решавање проблеми на високо ниво, дигитални алатки за барање работа и изработка на CV, како и програми за младинско претприемништво. Настанот заврши со сесија за брзо вмрежување и поврзување на млади со работодавачи, овозможувајќи директни средби меѓу студенти, баратели на работа и компании.
Во текот на двата дена, Global Digital City 2026 послужи како платформа за дијалог, соработка и практична размена, зацврстувајќи ја улогата на Тетово како растечки центар за дигитални таленти, иновации и вработување.
Оваа иницијатива е дел од интервенциите развиени во рамки на RECONOMY, регионална програма за инклузивен и зелен економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Help – Hilfe zur Selbsthilfe и други партнери во земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.


