Centar.mk
фото ДУИ
-МАКЕДОНИЈА

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Соопштение на ДУИ – интегрален текст:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата, со што се создава можност преку транспарентна, правична и непристрасна постапка да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат сите прашања.

Очекуваме процесот да се одвива во согласност со највисоките стандарди на владеење на правото – со високо ниво на транспарентност во интерес на јавноста, но пред сè со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи.

ДУИ останува непоколеблива во ставот дека правдата мора да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политички
влијанија. Само правична и професионална постапка ѝ служи на вистината, на институциите и на довербата на граѓаните.

Имајќи го предвид високиот политички и јавен интерес за овој случај, партијата внимателно ќе го следи процесот во сите негови фази.

Можеби ќе ве интересира

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +

(Видео) Комеморацијата заврши со „63 ангели”, песна за згаснатите животи

C +