Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

Интегрален текст од одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ:

До денес нема официјална одлука на Европската комисија, Европскиот совет или Европскиот парламент која предвидува прием на земја како полноправна членка без гласачки права.

Доколку стане и официјална позиција на ЕУ дури тогаш може да се разгледува.

СДСМ е за целосна интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, вклучително и полноправно членство со сите права, меѓу кои и правото на глас.

За жал, гледаме дека ВМРО-ОКГ и Мицкоски не сакаат во Европа.

Тие водат антиевропска кампања, претставувајќи ја ЕУ како „булинг“ кон Македонија, наместо да признаат дека критиките од ЕУ се резултат на неисполнети обврски и реформи неопходни за членство. Намерно создаваат проблеми со соседите ги блокираат уставните измени и со тоа ја држат државата во стагнација.

Не ја сакаат ЕУ затоа што тогаш би морале да престанат со нетранспарентни тендери, партиски вработувања и контрола врз буџетот – а тоа не им одговара.

СДСМ е за Европа, за нас нема друга алтернатива, ниту БРИКС ниту изолацијата не се опција.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК