Centar.mk
СВЕТ

Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и дете, кои веднаш се пренесени во болница, потврди градоначалникот Виталиј Кличко.

Првите експлозии се слушнале околу 4 наутро, а нов бран следувал половина час подоцна.

„Непријателот го напаѓа главниот град со балистичко оружје. Останете во засолништата додека не престане опасноста“, изјави Тимур Ткаченко, началник на Градската воена администрација на Киев.

Како одговор, Полска подигна борбени авиони за заштита на својот воздушен простор.

„Подигнати се дежурни борбени авиони и авион за рано предупредување, а копнените системи за противвоздушна одбрана и радари се ставени во највисок степен на подготвеност“, стои во соопштението.

Рускиот напад е дел од серијата напади врз цивилна инфраструктура, вклучувајќи станбени згради и енергетски објекти. Само вчера, во напад со дрон во областа Суми, загинаа двајца браќа и еден брачен пар, а беше оштетен и производствен погон на фабрика.

Гувернерот на Суми, Олех Григоров, појасни дека браќата биле прво ранети во експлозијата, а потоа загинале кога Русите нападнале со дрон возило на итната помош./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија

C +

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

C +

Трамп најави одлука за напад врз Иран, но сè уште се соочува со три клучни пречки

C +