Centar.mk
stab, shtab
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Дрогата од 5 тони слободно поминала граница и слободно се превезувала низ пола Македонија

Соопштение на СДСМ – интегрален текст:

Последните информации за најголемиот нарко скандал со 5 тони дрога, објавени од обвинителството потврдуваат дека дрогата слободно ја поминала македонската граница, „повеќекратно“.

Дополнително, пред тоа, дрогата во поголема количина била пренесувана со товарни и патнички возила од објект на правно лице во Скопје до локација во атарот на Свети Николе.
Таму, во селото Сарамзалино, бил извршен претовар.

Потоа било организирано и преминувањето на македонската граница.

Значи дрогата не само што слободно ја преминала границата туку слободно била превезувана низ пола Македонија.

Кој ова го дозволил од МВР? Каде била полицијата? Каде биле 65 илјади камери?

Затоа ли Тошковски на телевизија вели „не е прашање како излегла дрогата од Македонија туку како влегла во Србија“?

Таму знаеме дека е уапсен функционер и финансиер на СНС, нивната сестринска партија.

Кога ќе слушнеме кој функционер кај нас во Македонија дозволил дрогата да ја помине границата?

Најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога води во врвот на власта на Мицкоски и истрагата тоа треба да потврди.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК