Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

Соопштение на СДСМ – интегрален текст:

Го покажаа своето вистинско лице. Маските паднаа, граѓаните го видоа нивниот „патриотизам“ на дело.

За големите „патриоти“ на ВМРО мора да има и голем авион.

Многу држави, дури и членки на ЕУ, имаат постари авиони од македонскиот владин авион. Хрватскиот владин авион е 27 години, словенечкиот 23 години, црногорскиот 27 години а македонскиот 20 години.

Во најбогатата земја во светот, САД просечната старост на флотата е 15,4 години (податоци од 19 февруари 2026 година).

Само на Мицкоски и Сиљановска авионот им е „стар“ и „мал“ па мора нов – и тоа поголем.

Тоа е нивниот „патриотизам“. За нив луксузирањето е пред сè, пред потребите на граѓаните, пред работниците, пред земјоделците.

Не прават споредби со платите во регионот, а фактот е дека македонските работници имаат најниска минимална плата.

Не прават споредби со животниот стандард на граѓанитеа актот е дека македонските граѓаните имаат најнизок квалитет на живот во Европа.

Само во луксузирање, тендери и авиони им е паметот.

Тоа е „патриотската“ матрицата на една корумпирана и криминална власт.

Можеби ќе ве интересира

Отсјај од рефлектори на небото над Битола направи паника, отвори дилеми и шекулации на социјалните мрежи

ДЕСК

ШОК ВО СКОПЈЕ: Како закочил автобус со неисправни сопирачки, а бил полн со 85 деца, 37 над дозволеното!?

ДЕСК

ХАОС СО ВРЕМЕТО: Од кочан ладно време веднаш доаѓаат температури и до 25°C – Метеоролозите со повеќедневна прогноза

ДЕСК