Centar.mk
БИЗНИС

Кинески пари на европските улици: Запленети 1,2 милијарди лажни евра

Во меѓународната акција „DECOY III“, координирана од Европол, спречено е во оптек да бидат пуштени фалсификувани банкноти и кованици во вредност од околу 1,2 милијарди евра.

Операцијата била насочена кон криминални мрежи кои дистрибуираат лажни пари преку поштенски пратки, се наведува во соопштението на Европол што го пренесе „Танјуг“.

Повеќе од 90 отсто од запленетите фалсификати потекнуваат од Кина, вклучително и романското откривање на 4,8 милиони фалсификувани евро-банкноти и разбивањето на складиште со 223.000 пратки.

Покрај тоа, Португалија, Обединетото Кралство и САД откриле повеќе од 220.000 фалсификувани кованици во евра, фунти и долари, сите со потекло од Кина.

Во текот на шестмесечната фаза од операцијата, од јуни до ноември минатата година, запленети се повеќе од седум милиони фалсификувани предмети, вклучително 4,8 милиони во евра, 2,3 милиони во американски долари, 23.302 во британски фунти и 4.800 во швајцарски франци.

Операцијата покренала 70 нови истраги против криминални мрежи. Во „DECOY III“ учествувале Србија, Бугарија, Хрватска, Грција, Австрија, Португалија, Шпанија, Чешка, Франција, Германија, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Романија, Турција, Обединетото Кралство и САД./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Оваа грешка многу граѓани ја прават со сметките за струја, вода и данок – после следуваат камати

ДЕСК

Државата дели по 3.000 денари за вработени млади до 23 години

ДЕСК

Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет-енергетската стабилност

ДЕСК