Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните.

Интегрален текст од денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски:

„Добар ден и од мене.

Задоволство е секогаш кога ќе правиме увид на ваков тип на проекти каков што е овој, доградба на училиште за најмладите, за учениците. Тоа е дел од суштината на политиките кои што ги води оваа Влада и добро е што десетици вакви објекти заедно со градинките, предучилишната возраст, се стотици вакви објекти кои што се градат низ цела држава.

И јас сум навистина задоволен што гледам дека сите тие напредуваат. Еве со градоначалничката разговаравме дека со почетокот на новата учебна година и оваа дограба треба да е готова и да биде ставена во функција, овие 560 метри квадратни.

Тоа коешто е добро е фактот дека со сите овие градежни активности, со сите овие капитални инвестиции ние практично го решаваме оној акутен проблем со простор за учениците онаму каде што е потребно. Е сега прашањето е второ, онаму каде што пак имаме вишок простор, а имаме помалку ученици, тоа треба да видиме да најдеме начин во годините коишто следат како да се реши.

Но, како и да е, јас би сакал да и честитам на градоначалничката, да честитам на министерката, на пратениците, на Советот, на администрацијата во Општина Кисела Вода, на сите оние коишто имаат своја додадена вредност се разбира за да овој објект стане ова што денеска е, односно да се гради, да биде пуштен во употреба и посакувам уште многу многу вакви објекти во иднина да се реализираат.

Тоа е суштината, подобро да градиме, тоа е она коешто го очекуваат граѓаните и да ги испорачуваме ветувањата коишто сме ги дале.

Ви благодарам.“

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање

C +