Соопштение на СДСМ – интегрален текст:
Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта.
Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија.
Нема ниту еден одговор, како толкава количина дрога имало во Македонија, како поминала граница, скенери, камери…?
Молкот е јасна потврда дека скандалот оди до самиот врв на власта.
Ваков криминал не може да се случи без поддршка, логистика и заштита од луѓе на високи позиции во власта.
Уште колку вакви пратки, уште колку тони дрога вредна милиони евра ја поминале границата?
Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со овие пари?
СДСМ со денови говори дека постои поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија. Овој случај е уште една потврда за тоа.
Криминални тендери, 5 тони дрога, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници од 65.000 евра. Како во мафијашки филм.
Молкот мора да престане. Обвинителството мора да се разбуди, да спроведе целосна истрага и да лоцира одговорност за картелскиот скандал со 5 тони дрога, без разлика кој на која функција се наоѓа.
Нема бегање од одговорноста.
Сите ќе одговараат!


