Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

Соопштение на МВР:

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од утре (01.02.2026) започнува со функционирање системот „Безбеден град“. Системот ќе стартува на територија на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10 со што ќе започне со санкционирање на граѓаните кои направиле прекршок детектиран од камерите.

Во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци:

• непрописно паркирање;
• управување со брзина поголема од пропишаната;
• минување на црвено светло;
• управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

Системот „Безбеден град“ е исклучително важна инвестиција во безбедноста на сите граѓани и целата држава, ќе спасува човечки животи, ќе го регулира сообраќајот, а ќе ги санкционира сите оние кои не сакаат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на сопствена штета и штета на другите учесници со сообраќајот. Камерите се поставени на критичните сообраќајни точки каде често се случуваат сообраќајни прекршоци.

МВР апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за подобри, посигурни и побезбедни патишта низ државата.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК