Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Додека прават дефокус носат 10.000 „економски работници“

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека власта свесно креира дефокус со лажни вести и црни кампањи против СДСМ, додека во позадина носи одлуки од сериозни размери, меѓу кои и увоз на 10.000 таканаречени „економски работници“.

„Сите да се занимаваат со лажните вести на Алфа ТВ и црната кампања на ВМРО против мене, со Жан Митрев, додека се увезуваат 10.000 „економски работници. Пред нос ни носат 10.000 „економски работници“, додека на граѓаните им се сервираат измислици. Така функционира оваа власт“, рече Филипче.

Тој нагласи дека политиката на власта на ВМРО-ДПМНЕ се базира единствено на дефокус и прикривање на реалните проблеми.

„Ова не е политика, туку дефокус. Дефокус од катастрофалната состојба во земјата, од реалноста и од проблемите, а тоа е примарна цел на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“, нагласи Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е јавноста да не зборува за вистинските теми и скандали поврзани со власта.

„Никој да не зборува за скандалите на власта, сите да се занимаваме со непостоечка зграда во Дубаи, со измислена афера која служи како дефокус од главната тема – мигранти за пари. Видовте што прават преку дел од медиумите, видовте обид СДСМ да се руши одвнатре. Нема да застанат. Немаат одговори за мигранти, за тендери – имаат пари да купуваат луѓе“, изјави Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, нема решенија за граѓаните – само дефокус

ДЕСК

Најмногу снег на Попова Шапка, утре со врнежи од дожд и снег претпладне , попладне облачноста ќе се намалува

ДЕСК

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

ДЕСК