Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија – вели СДСМ

– САД од 21 јануари ја прекинуваат обработката на визи од 75 земји, се вели во соопштението за јавност на СДСМ:

– Водечките американски и светски медиуми, од пред еден час објавија дека и Македонија е вклучена во групата со Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Русија…за кои е суспендирана обработката на визи.

Американската влада од 21 јануари ќе ја прекине обработката на визи од 75 земји, меѓу кои се Русија, Бразил, Иран, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Нигерија, Црна Гора, Албанија и Тајланд, објави денес Телевизија Фокс, повикувајќи се на документи на Стејт департментот, велат од СДСМ.

Од СДСМ велат дека се тврди дека на амбасадите на САД им е наложено да престанат да примаат барања за издавање визи, сè додека не се преиспита постојната процедура.

Периметарот? – прашаа од опозициската СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Поднесена кривична пријава и одреден притвор за насилници од Турција поради напад врз доставувач во Скопје

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и СДС се во служба на бугарската агенда, Филипче директно соработува со луѓе кои го негираат македонскиот идентитет

ДЕСК

СДСМ: 5 дена до уште една лага и неисполнето ветување на Мицкоски

ДЕСК