Centar.mk
СВЕТ

Иранската државна телевизија емитуваше закана по животот на американскиот претседател Доналд Трамп

Иран упати остра и вознемирувачка порака насочена кон поранешниот американски претседател Доналд Трамп, преку прилог емитуван на државната телевизија. Во емисијата била прикажана негова фотографија од предизборен митинг во Батлер во 2024 година, проследена со пораката: „Овој пат нема да ја промашат целта“, пренесе Њу Јорк Пост.

Според извештаите, содржината била емитувана на иранската државна телевизија и се оценува како најдиректна закана што Техеран досега јавно ја упатил кон Трамп. Ова доаѓа во контекст на зголемени тензии меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, откако Трамп во повеќе наврати предупреди дека Вашингтон би можел да преземе воена акција доколку иранските власти продолжат со силно задушување на антивладините протести.

Инаку ова доаѓа по информациите дека Трамп во следните 24 часа ќе нареди напад врз Иран.

Можеби ќе ве интересира

40 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА ПОДОБРА ГРИЖА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ – Британија сака да спречи непотребни хоспитализации оваа зима

ДЕСК

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА ПОПАМЕТНО УПРАВУВАЊЕ СО ВОДАТА – Нов план за дигитални системи и мерни уреди

ДЕСК

ЗАТВОРЕН НЕЗАВИСНИОТ ВЕСНИК „НОВАЈА ГАЗЕТА“ ВО РУСИЈА – Британија и Финска со заедничка реакција

ДЕСК