Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков истакна дека лидерската средба иницирана од претседателот на Владата, премиерот Христијан Мицкоски, претставува одговорен и државнички чекор насочен кон градење заеднички ставови за клучните реформски процеси и законите неопходни за напредокот на државата на патот кон Европската Унија.

Лефков нагласи дека за разлика од претходните лидерски средби, кои се одржувале поради конкретни политички причини, оваа средба има за цел да отвори суштински дијалог меѓу сите политички чинители кои се чувствуваат одговорни за иднината на државата, со фокус на стабилноста, институционалната доверба и политичката зрелост.

„И во минатото сме имале лидерски средби, меѓутоа тие лидерски средби се одржувале поради една, друга или трета причина. Оваа лидерска средба доаѓа по иницијатива на претседателот на Владата, на премиерот Христијан Мицкоски и е за градење на заеднички ставови, токму за реформската агенда, оние закони коишто се важни за исполнување на патокзаот кон ЕУ, за да можеме да седнеме на заедничка маса сите политички чинители коишто себе се доживуваат како одговорни политички субјекти во државата и се загрижени за иднината да можеме да формулираме заеднички ставови и начин на којшто ќе одиме нанапред“, истакна Лефков.

Пратеникот Лефков, во реплика на пратеникот од опозициската СДС, Фатмир Битиќи, истакна дека критиките упатени кон лидерската средба се неосновани и дека напуштањето на дијалогот и оставањето празно столче не придонесуваат кон градење доверба. Тој истакна дека токму Владата презема иницијатива за обединување околу реформската агенда, без потреба од ад-хок политички конструкции, како што беше т.н. пржинска влада.

„Користевте тешки зборови за лидерската средба, суфицит на волја, камуфлажа, инженеринг и рековте дека вака не се креирала доверба, жестоко бранејќи ја пржинската влада, меѓутоа таа влада е нешто за коешто денеска практично сите коишто учествуваа на таа лидерска средба се изјаснија дека е нешто коешто е вишок, коешто е непотребно и потребно е да се гради доверба во институциите и нема потреба од оваа реторика“, рече Лефков.

Можеби ќе ве интересира

Замина Мартин Треневски: Човекот што остави белег во новинарството, дипломатијата и државните институции

ДЕСК

Масовна тепачка и апсење во Прилеп: Осум лица завршија во станица по тепачка која почнала на патен правец, а завршила во болничките ходници

ДЕСК

Поднесена кривична пријава и одреден притвор за насилници од Турција поради напад врз доставувач во Скопје

ДЕСК