Centar.mk
СВЕТ

Непотврдени наводи за погубување на младиот демонстрант, САД реагираат со ново предупредување

Вниманието на меѓународната јавност е насочено кон Иран, каде што масовните протести продолжуваат, а според извештаи од терен, безбедносните сили применуваат силни мерки за нивно задушување. Паралелно, вниманието е насочено и кон Соединетите Американски Држави, откако претседателот на САД најави можност за американска интервенција.

Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент издаде ново предупредување до американските граѓани, со препорака веднаш да го напуштат Иран.

Во јавноста се појавија и непотврдени информации дека 26-годишниот Ефран Солтани, сопственик на продавница и учесник на антирежимски протести, наводно бил погубен. Овие наводи засега не се официјално потврдени од независни извори. Според информациите што кружат, тој бил единствено дете во семејството.

Можеби ќе ве интересира

Трамп сака до Денот на независноста да ја запре војната во Украина

C +

Лидерите на ЕУ во Киев на годишнината од војната; Зеленски: Путин не успеа да ги постигне целите

C +

Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна

C +