Centar.mk
илустрација
СВЕТ

Снег падна и на Крит и островите во Егејот, дел од училиштата затворени

Снег падна во Грција, на полуостровот Халкидики и на островите во северниот Егеј – Лимнос, Лезбос, Хиос и Споради, како и на планините околу Атина, но и на Евија и Крит.

На Крит сообраќајот на места беше во прекин поради силен град.

Поради временските услови, работата на повеќе училишта е прекината, а наставата се одвива онлајн таму каде што е можно.

Иако температурите се над нулата, снегот и понатаму се задржува./Извор:Мakfax

Можеби ќе ве интересира

„Пази да не бидеш елиминиран“: Лариџани му се закани на Трамп неколку дена пред нападот

C +

Амбасадорот на Иран тврди: „Планот на Трамп не успеа“

C +

Марта Кос: Без безбедна Украина, нема безбедна Европа

C +