Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали оствари средба со амбасадорот на Република Косово, Флориан Ќехаја

Денес, во Владата на Република Северна Македонија, Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Неговата Екселенција, амбасадорот на Република Косово, Флориан Ќехаја.

На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот.

Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција.

Можеби ќе ве интересира

Гаши со честитка по повод Велигден

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ДЕН: На мостот Гоце Делчев во Скопје ѝ одзеле накит – уапсени осомничени

ДЕСК