Centar.mk
СВЕТ

Кина ја предупредува Европа да не ги поминува црвените линии

Кина врши притисок врз европските земји да им забранат влез на тајвански политичари, предупредувајќи ги да не ги преминуваат „кинеските црвени линии“, пишува Гардијан.

Според повеќе дипломати, Пекинг испратил демарши до европските амбасади и влади, делумно како реакција на неодамнешните посети на тајвански функционери во Европа, вклучувајќи актуелни и поранешни високи претставници. Кинеските власти се повикале на европските гранични и визни прописи, тврдејќи дека дозволувањето влез на тајвански политичари може да ги наруши односите со Кина.

Во вербални ноти, Кина побарала европските земји да не ги признаваат таканаречените дипломатски пасоши издадени од Тајван и да спречат официјални контакти со тајвански претставници, наведувајќи дека ваквите посети сериозно ги поткопуваат односите меѓу Европска Унија и Кина.

Одделни европски земји, меѓу кои Норвешка, Финска и Обединетото Кралство, соопштија дека визите и влезот се регулираат исклучиво според нивните национални и шенгенски правила. Од друга страна, Тајван оцени дека посетите на негови функционери не се поврзани со Кина и дека Пекинг нема право да се меша, обвинувајќи ја Кина за притисоци и закани што ја загрозуваат регионалната стабилност./Извор:Мakfax

Можеби ќе ве интересира

Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

ДЕСК

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

ДЕСК

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

ДЕСК