Centar.mk
СВЕТ

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд и доделување статус на сојузна држава. Со законот, на претседателот Доналд Трамп би му се дале овластувања да започне преговори со Кралството Данска и да преземе чекори за анексија или стекнување на територијата.

Фајн изјави дека е „во интерес на целиот свет“ САД да воспостават суверенитет над Гренланд и дека законот би го забрзал патот кон статус на сојузна држава, иако конечната одлука би останала кај Конгресот. Тој ја нагласи стратешката важност на островот, неговата близина до Русија и богатите минерални ресурси.

Според Фајн, американското управување би било подобро и за жителите на Гренланд, наведувајќи ја висока стапка на сиромаштија и тврдејќи дека Данска не ги заштитила доволно во минатото. Дел од пратениците реагираа откако Белата куќа не ја исклучи можноста за употреба на воена сила, но Фајн изјави дека најдобро решение би било „доброволно преземање“ на островот./Извор:Мakfax

Можеби ќе ве интересира

ТУРЦИЈА БАРА ПОСИЛНА ГЛОБАЛНА КЛИМАТСКА АКЦИЈА – Ердоган испрати порака од самитот COP31

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА МЕСТО НА ПРЕГОВАРАЧКАТА МАСА – Европа не сака договор за Украина без нејзино учество

ДЕСК

ТРАМП НЕ ИСКЛУЧУВА ВОЕНА АКЦИЈА ПРОТИВ ИРАН – Вашингтон испраќа ново предупредување

ДЕСК