Centar.mk
СВЕТ

Шефицата на Европскиот парламент: Храбри девојки на улиците на Иран, ова е ваше време

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со протестите и покрај жестоката репресија од страна на Исламската Република.

„До храбрите девојки, студенти, мажи и жени на улиците: Ова е ваше време“, напиша Мецола на Икс.

Осврнувајќи се на блокадата на интернет во Иран, таа додаде: „Знајте дека секој режим што ја блокира комуникацијата е режим што се плаши од сопствениот народ“.

„Убивањето мора да престане“

Мецола го повика раководството во Техеран да го промени курсот, нагласувајќи дека достоинството и слободата не се премногу за барање во 2026 година. „Убивањето мора да престане. Невините и прогонуваните мора да бидат ослободени. Репресијата мора да заврши“, напиша таа.

Таа, исто така, ги повика членките на ЕУ да го зголемат притисокот врз Техеран, иако не кажа како треба да се направи тоа, велејќи: „Европа мора да ја разбере својата должност и мора да дејствува“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК