Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Оваа општина ќе доделува по 6.000 денари за секое новороденче

Како една од најбрзорастечките општини во регионот, со континуиран пораст на бројот на жители, Општина Илинден постојано се труди да обезбеди активни мерки за поддршка на младите семејства.
Во рамки на овие заложби, Општина Илинден во 2022 година воведе субвенции за секое новородено бебе на територија на општина Илинден. Мерката се спроведува континуирано и досега изнесуваше 5.000 денари по новороденче, при што во изминативе четири години околу 470 граѓани го остварија своето право на еднократна парична помош.
Со цел дополнително унапредување на оваа мерка, Општина Илинден оваа година донесе одлука за зголемување на износот на субвенцијата. Првото решение за исплата е веќе потпишано, а износот на финансиската помош за сите новородени бебиња од 1 јануари 2026 година ќе изнесува 6.000 денари.

Со зголемување на износот на оваа субвенција, за која се обезбедуваат финансиски средства од Буџетот на Општина Илинден, Општината уште еднаш ја потврдува својата заложба за поддршка на младите семејства и создавањето поповолни услови за живот.

Потребната документација за остварување на правото на еднократна парична помош, како и Барањето за доделување на финансиска поддршка за семејства со новороденче се достапни на официјалната веб-страница на Општина Илинден (www.ilinden.gov.mk), како и во Архивата на Општината.

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Меѓународна потерница по Саит Саитов, лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

ДЕСК