Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Министерот за европски прашања ја потврди посветеноста на Владата кон ЕУ интеграцијата

Министерот за европски прашања Беким Сали оствари средба со Михалис Рокас на Европската Унија, на која ја истакна јасната и недвосмислена посветеност на Владата кон процесот на европска интеграција.

Министерот нагласи дека ЕУ интеграцијата и реформите поврзани со европската агенда се врвен приоритет и дека фокусот ќе биде ставен на испорака на конкретни резултати, зајакнување на институционалните капацитети и градење доверба кај граѓаните во процесот на пристапување кон Унијата.

Во разговорите беше потенцирана важноста од континуирана соработка со институциите на ЕУ и одржување на позитивниот моментум на проширувањето, како и потребата од ефикасна имплементација на реформите.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК