– Денеска Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нова бомба, нов скандал за сомнителни тендери, се вели во соопштението на СДСМ.
Стаува збор за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит, за добивање тендери по општините под контрола на ВМРО. Од 2022 година, периодот од минатите локални избори до денеска, оваа фирма во општините под контрола на ВМРО има добиено 51 тендер, велат од СДСМ.
– 51 тендер! Вредни неверојатни 16 милиони евра! рече Фрчкоски.
„Последниот тендер, во декември 2025 година е со Град Скопје. Веднаш по седнување на Орце Ѓорѓиевски во фотељата, Пирамид солушнс, омилена фирма на власта, добива тендер вреден 320.000 евра. Кога седна Орце во градоначалничката фотеља кога добија тендер, рече Јон Фрчкоски, член на ИО на СДСМ, на денешната прес-конференција.
Тој појасни дека ова е уште еден пример како власта си дели тендери по свој терк.
Свиркачите коишто ни ги доставија информациите преку дигиталната платформа МИЦКО.мк наведуваат дека брачни другари на високи функционери во ВМРО биле дури и на платен список на оваа компанија, преку договори за дело.
Овие информации ги истражуваме и дополнително ќе ги објавиме. АКТ ќе го разоткрие целиот систем за испумпување на парите на граѓаните, рече Фрчкоски.


