Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

УХМР најавува снег низ поголемиот дел од Македонија

Претежно облачно со врнежи од дожд и снег, ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег и ќе бидат пообилни во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 см, а во останатите места од 5 до 10 см.

На 10 јануари 2026 година температурите низ земјава ќе бидат релативно ниски, со утрински минимални вредности од околу -3 до 2 степени, додека дневните максимални ќе се движат од 3 до 8 степени. Во повисоките и североисточните делови ќе биде постудено, а најтопло се очекува во југоисточните и југозападните региони.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК