Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Гевгелија: Пуштена е во употреба новата детска градинка „Сончогледи“

– Јас би сакал да се надоврзам на тоа што го кажа и градоначалникот и заменик министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, четврта градинка од почетокот на годината, уште многу градинки коишто се почнати кон крајот на 24-та година и 25-та година во периодот што следи се привршуваат и ќе бидат ставени во функција, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворање на нова градинка во Гевгелија.

– Многу од проблемите коишто во минатото ги пратеа овие проекти се отстранети, засилена е динамиката на реализација и изградба на самите објекти, но истовремено и примањето на нов кадар, лиценциран кадар, е исто така интензивирано, нешто што во минатото беше закочено. Така што, можам да кажам дека нашиот приоритет како Влада, а тоа е просемејната политика, грижата за најмилите, за најмладите продолжува и понатаму во периодот којшто следи, бидејќи останува на младите иднината, а ние сме тие коишто треба да ја направат таа иднина поперспективна и на овој начин мислам дека на голем број брачни парови им се олеснува начинот на функционирање, а истовремено и сите тие се охрабруваат да се одлучат за дете повеќе, се разбира за новороденче повеќе, за да можат овие објекти да бидат што е можно пополни.

И од она коешто во неврзан разговор го направивме пред да почнеме со отворањето на градинката, со градоначалникот и со луѓето тука од Гевгелија, тоа е дека со овој објект веќе нема да имаме листа на чекање, овде во Гевгелија или таа листа ќе биде многу мала.

Така што, јас му честитам на градоначалникот, на министерот и заменикот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, на пратеничката, на советниците, на администрацијата во Општина Гевгелија коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот и посакувам уште многу вакви убави проекти со коишто ќе додадеме квалитет во животите на гевгеличани, рече Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +