Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Техничката влада мора да остане, власта узурпираше сè

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција потенцираше дека техничката влада мора да остане поради целосната узурпација на институциите од страна на власта.

„Техничката влада мора да остане, затоа што власта узурпираше сè. Ги стави канџите во правосудството, презема целосна контрола врз обвинителството, носи измени на кривичниот законик спротивно од препораките на Европската Унија, тоа го прави за заштита на криминалот на власта“, посочи Филипче.

Тој потенцираше дека со ваквите чекори се загрозуваат демократијата и професионализмот во институциите.
„Власта донесе Резолуција за укинување на слободата на говор на опозицијата, со тоа ја загуши дополнителна демократијата и донесе Закон за полиција за целосна партизација и за бркање на професионалците“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека поради ваквата состојба нема услови за разговори за техничката влада.
„Со криминалци кои се обидуваат да узурпираат сè и да се спасат себеси нема седнување на маса за техничката влада, има само одговорност“, рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ШОК ВО СКОПЈЕ: Како закочил автобус со неисправни сопирачки, а бил полн со 85 деца, 37 над дозволеното!?

ДЕСК

ХАОС СО ВРЕМЕТО: Од кочан ладно време веднаш доаѓаат температури и до 25°C – Метеоролозите со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Инцидент во пробиштипско: Маж со прострелна рана пренесен во Скопје

ДЕСК