Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Мицкоски и тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ нека си ги распишaт изборите сами

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека СДСМ нема да седне на маса со криминалци, нема да биде покритие за сценариото и калкулациите на власта и порача дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сами да си ги распишат изборите.

„Мицкоски и тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ нека си ги распишат изборите сами кога веќе си ги имаат испланирано. СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио“, рече Филипче.

Тој додаде дека техничката влада мора да остане, бидејќи владата на ВМРО-ДПМНЕ изврши сериозна узурпација на институциите и демократските процеси во државата.

„Техничката влада мора да остане, затоа што власта узурпираше се. Ги стави канџите во правосудството, презема целосна контрола врз обвинителството, носи измени на Кривичниот законик спротивно од препораките на Европската Унија“, рече Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека се што прави власта сега, е само за заштита на сопствениот криминал.

„Донесоа резолуција за укинување на слободата на говор на опозицијата, со што дополнително ја загушија демократијата, а донесоа и Закон за полиција за целосна партизација и за бркање на професионалците.Да не беа овие чекори, можда и можеше да се разговара, но ова е класична мафија“, потенцираше Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +