Centar.mk
илустрација
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со новата прогноза – Какво време да очекуваме?

Претежно облачно, а наместа и магловито со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Минималните утрински температури ќе се движат од околу 2 степени на северозападот до 10 степени на југоистокот, додека дневните максимални ќе бидат во интервал од 8 до 16 степени.

Во западните и југозападните делови ќе биде посвежо, со дневни температури до 12 степени, додека во централните региони се очекуваат околу 15 степени. На истокот и југоистокот времето ќе биде најтопло, со максимални температури до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта . Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот

ДЕСК

Денеска и утре обилен дожд и силен ветер, од недела стабилно и потопло време

C +

ЗНМ и ССНМ: Затворањето на РСЕ е загуба за јавниот интерес, потребна е поддршка за независните медиуми

ДЕСК