Centar.mk
РЕГИОН

Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови

Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.

Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Немири во Албанија поради проектот на зетот на Трамп: демонстрантите се обидоа да ги урнат оградите

C +

МАКЕДОНЦИ УАПСЕНИ ВО ХРВАТСКА: Со налепници биле оштетени знаци, патокази и информативна табла

ДЕСК

Вучиќ со порака од Пекинг: Можно е наскоро да поднесам оставка

C +