Centar.mk
фото Влада
СВЕТ

Орбан: Пред нас е глобална трансформација; Унгарија и Брисел немаат ист пат

Глобална трансформација е пред нас, истакна денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Украина, кризата во Венецуела, тензиите околу Гренланд, Тајван и Иран – така почна 2026 година“, наведе Орбан во објава на Фејсбук.

Тој рече дека најважната тема на денешната владина седница ќе биде одржувањето на Унгарија на „патот на мирен и стабилен развој во невидено опасно време“, пренесува МТИ.

„Ова е нашиот пат. Патот на мирот, со дела, а не со зборови“, истакна унгарскиот премиер.

Орбан додаде дека тоа е спротивно на патот на Брисел, кој вклучува воени планови, средства на ЕУ кои, според Орбан, методично се крадат во Украина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Администрацијата на Трамп размислува за укинување на данокот на гориво

C +

Унгарија: Нема повеќе уцени со вето во ЕУ

C +

Иран го отфрли планот на САД: Трамп побесне, цените на нафтата веднаш скокнаа

C +