Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Апсења во Струмица и Валандовско

На 05.01.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода маж(34) и маж(34), двајцата од село Марвинци, валандовско.

При преглед кај нив, кај едното пронајдени се неколку пакувања со амфетамин. Лицата се задржани во полициска станица и на 06.01.2025 врз основа на судски наредби, извршени се претреси во нивните домови во с. Марвинци, при што при претрес во домот на едното лице пронајдени се три поголеми пакувања со амфетамин и две дигитални ваги. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки лицата се задржани во Полициската станица Валандово и во текот на денот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за Алта банка, Обвинителството мора да постапи

ДЕСК

Талески до Савески: Ако не сте продолжена рака на Мицкоски – постапете за лажниот исказ на надзорната расправа

ДЕСК

Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот суд за модуларната болница, Ласкарци и редица други случаи

ДЕСК