Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СНЕЖНА БАЈКА: Циклон носи многу снег во делови од Македонија – Врнежите почнуваат од Божиќ, детална прогноза за следните 4 дена

Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Утре врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта.

Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.

На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места.

Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Прогноза за 08.01.2026
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 2°C до 10°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец (над 60km/h).

Прогноза за 09.01.2026
Минимална температура: -7°C до 1°C
Максимална температура: 4°C до 10°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 10.01.2026
Минимална температура: -4°C до 1°C
Максимална температура: 2°C до 8°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Почнаа врнежите на снег вечерва во делови од Македонија

ДЕСК

Циклонска офанзива ја погодува Македонија: Снег и застудување во следните денови

ДЕСК

Чудна БОЖИЌНА кражба во Скопје: Тинејџери украле книги од Државниот архив – полицијата ги пресретнала и уапсила на Партизанска

ДЕСК